Значаен натпревар за младите репрезентативци

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, денеска во Скопје го пречекува составот на Израел, во рамките од 8-та рунда во група 6, квалификации за ЕП 2021. Натпреварот започнува во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

По убедливата и сигурна игра во Казахстан, македонската млада репрезентација е пред уште поголем предизвик. Доколку нашите фудбалери стигнат до победа против Израел, ќе остане надежта за пласман на Европското првенство.

Моменталната ситуација гласи: 13 освоени бодови во 7 одиграни дуели, но само 7 важечки во табелата за најдобрите второ пласирани екипи, бидејќи победите против последната екипа, односно Фарските Острови не се во игра. Во таа втора и голема табела од 9 држави а каде место на ЕП има само за 5, Македонија се наоѓа на дното, а главната шанса е неуспех на Романија или Полска, кои имаат по 13 бодови и само еден преостанат дуел. Пољаците играат денеска против Бугарија, а Романија на 17-ти силите ќе ги одмери со Данска.

Директен пренос од натпреварот ќе врши МТВ 3 со почеток од 14:25 часот.

Следните два се во месец ноември, во Израел на 12-ти и во Скопје на 17-ти.

Сподели

Можеби ќе ве интересира