Извлечени паровите за натпреварите од Купот на Македонија

Во „Куќата на фудбалот“, денеска беа извлечени паровите за првите натпревари од Купот на Македонија, за натпреварувачката сезона 2020/21. 

Полуфиналистите од ланското издание: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум ќе ја прескокнат првата рунда. Во продолжение може да ги видите следните парови:

Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички

Оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23-ти септември од 15:30 часот. Дуелите од 1/8 финалето ќе се одиграат на 21-ти октомври, а 1/4 пресметки на 25-ти ноември. Полуфиналните дуели ќе се играат на 7-ти април, а финалниот меч на 19-ти мај.

Сподели

Можеби ќе ве интересира