Извлечени 1/4 финалните парови во македонскиот фудбалски Куп

Денеска во „Куќата на фудбалот“, беа одредени 1/4 финалните двојки од македонскиот Куп.

Академија Пандев – Шкупи
Струга Т.Л. – Ренова
Беласица – Македонија Ѓ.П.
Силекс – Шкендија


Натпреварите е планирано да се одиграат на 25-ти ноември 2020 година.

Само да напоменеме дека, во оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат – директно ќе се изведуваат пенали.

Сподели

Можеби ќе ве интересира