„Имаме должност да се бориме, императив е да се пласираме во Б лигата“

Денеска македонската фудбалска репрезентација игра против составот на Естонија во Скопје од 15:00 часот во рамките на Лигата на нации.

На прес-конференција, селекторот Игор Ангеловски појасни дека тимот мора да се бори бидејќи има желба за пласман во посилната Б лига.

Со Естонија имаме должност и желба да се бориме и да докажаме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата

Во нашиот тим, денеска нема да бидат на располагање: Горан Пандев и Столе Димитриевски кои се ослободени од обврски, Аријан Адеми и Енис Барди поради повреда и Езџан Алиоски кој е суспендиран поради жолти картони.

Директен пренос од мечот ќе има на Спорт Клуб 2.

Сподели

Можеби ќе ве интересира