Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман.

На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок.

Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат почесен погодок.

Македонската селекција заврши на четвртото место во групата со 6 бодови, бидејќи го победивме Казахстан и на домашен терен. За директен пласман на ЕП се борат најмоќните Франција и Австрија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира