Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале.

Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат:

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СТРУГА – СИЛЕКС


Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната 1996/97 кога ја совладаа Слога Југомагнат. Академија Пандев е актуелен шампион од сезона 2018/19 (минатата година турнирот беше прекинат), кога беа подобри од Македонија Ѓ.П. Токму нивниот тогашен противник Македонија Ѓорче Петров, има исто така една титула од далечната 2005/06 кога победија во дуелот со Шкендија. Фудбалскиот клуб Струга досега нема освоено ниту една титула, а немаат играно ниту во финалето.

Сподели

Можеби ќе ве интересира