КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Италијански гигант на продажба додека се бори за титула?

Големата светска криза и празните стадиони допринесоа големи финансиски минуси во светот на фудбалот и ситуацијата станува се потешка.

Како пренесува „Коријере дело спорт“, семејството Жанг планира да го продаде Интер и веќе ја ангажирала банката на Ротшилд да го стори тоа.

Кинезите вложија повеќе од 700 милиони евра, но Интер испадна од престижната Лига на шампиони. Тимот е во реална борба за италијанското „скудето“ каде заостанува само 1 бод пред Милан со ист број на одиграни средби, а „Нероазурите“ денеска го декласираа и Кротоне со 6:2.

Исто така, јасно е дека Интер нема да троши во зимскиот трансфер период, бидејќи има и неисплатени средства за јули и август, а побараните кредите не беа одобрени. Останува да видиме дали ќе има заинтересирани купувачи, или ова ќе потрае уште некој период.

Сподели

Можеби ќе ве интересира