Карабао Куп: Њукасл 7, Челси 6, Арсенал подобар во дербито со Лестер

Во рамките на англискиот Лига Куп, односно според спонзорот, Карабао, денеска се одиграа 8 натпревари. Вчера на програмата беа 4, утре уште 3, а дополнително треба да се одреди датум за Лејтон Ориент – Тотенхем, дуел кој беше одложен поради недостиг на фудбалери во домашниот тим.

Иако на гости и против тим кој се натпреваува во 4-та англиска лига, Њукасл оствари феноменална победа од 0:7 против Моркамб. Стрелци на головите беа: Жоелинтон на два пати, Ласел, Марфи, Хејден по еднаш и на самиот крај со автогол стрелец беше Лавел.

Челси дома го пречека Барнсли, тим кој се натпреварува во 2-та лига(Чемпионшип) и славеше убедливо со 6:0. Новото засилување, Каи Хаверц постигна хет-трик, и по еден гол за Абрахам(2 асистенции), Баркли и Жиру. Второто интересно засилување за Френк Лампард, Бен Чилвел, ја забела првата асистенција во првиот настап за тимот од Лондон. Деби имаше и Тиаго Силва, кој одигра 60 минути во одбраната.

Арсенал на Кинг Пауер Стадионот беше подобар од Лестер Сити со 0:2. Натпреварот со автогол го отвори Кристијан Фукс во 57-та минута, а Еди Нкетија го зголеми водството пред самиот крај и го однесе Арсенал во нова битка.

Останати резултати:

Денеска:

Флитвуд 2:5 Евертон
Фулам 2:0 Шефилд Венздеј
Милвол 0:2 Барнли
Престон 0:2 Брајтон
Стоук 1:0 Гилингам

Вчера:

Лутон 0:3 Манчестер Јунајтед
Вест Хем 5:1 Хал
Њупорт 3:1 Ватфорд
ВБА 2:2 (3) Брентфорд

Лејтон Ориент ? : ? Тотенхем


Сподели

Можеби ќе ве интересира