Карабао: Ливерпул го наполни Линколн, Траоре за Вила со деби-гол

Ливерпул го совлада Линколн на гостински терен со 2:7, додека пак Астон Вила сигурно настапи со Бристол Сити и оствари победа од 0:3. Во последниот дуел, Манчестер Сити едвај го совлада второлигашот Бурнемут.

Ливерпул излезе во голем комбиниран состав, каде единствен првотимец беше столбот на одбраната, Вирџил Ван Дајк.
Стрелци на головите беа: Куртис Џонс и Минамино по 2 пати, Шачири, Грујиќ и Ориги по еднаш.

За Астон Вила, Ел Гази го отвори натпреварот уште во 11-та минута. Во својот деби настап, гол постигна Бертранд Траоре заедно со исто така новото засилување, Оли Воткинс кој даде гол за конечни 0:3.

Манчестер Сити се мачеше со Бурнемут, но и не одигра со сити сили. Стрелци на головите беа младиот Лиам Делап (17) и Фил Фоден кој го доведе својот тим во водство за конечни 2:1.

Сподели

Можеби ќе ве интересира