Катастрофална грешка на Булка, пораз на ПСЖ во првиот натпревар

Во својот прв натпревар од новата сезона во Лига 1, ПСЖ забележа пораз на гостувањето кај екипата на Ленс, со 1:0.

Младиот голман на ПСЖ, Марсин Булка, беше главниот виновник за поразот. Тој по примена топка, направи катастрофална грешка и даде лош пас на својот дефанзивец. Ситуацијата ја искористи Игњатиус Ганаго кој од 10 метри постигна лесен гол за својот тим. Булка стартуваше на голманската позиција поради тоа што Кејлор Навас е во карантин.

Губитникот во финалето од последната сезона во Лигата на шампионите, следниот натпревар го игра за само три дена на домашен терен против тимот на Марсеј. Фановите на познатите „светци“ ќе се надеваат на поправен испит и победа против секогаш незгодниот тим на Андрес Виљаш Боаш, кој сезоната ја започна со победа.

Сподели

Можеби ќе ве интересира