Купот на Македонија во завршна фаза: Силекс преку пенали, Македонија ЃП со убедлива победа

Денеска се одиграа сите 4 натпревари од 1/4 финалната фаза на фудбалскиот Куп на Македонија.

Освен во Кратово, каде силите ги одмерија Силекс и Шкендија, сите останати средби го одредија учесникот во полуфиналето во регуларните 90 минути.

Силекс во пенал рулетот беше подобар со 4:2 од моменталниот лидер во националното првенство, по 0:0 во регуларниот дел.

Академија Пандев со 2:1 го совлада Шкупи (полувреме 1:0), Македонија Ѓ.П. лесно помина кај второлигашот Беласица со 1:4 (полувреме 1:1), а Струга ТЛ постигна гол од пенал во второто полувреме и го реши дуелот против Ренова (полувреме 0:0).

Со денешните натпревари, завршија обврските на клубовите за оваа сезона. Полуфиналните мечеви е планирано да се одиграат на 7-ми април, а финалето е закажано за 19-ти мај идната година.

Сподели

Можеби ќе ве интересира