КУП НА МАКЕДОНИЈА: Денеска еден натпревар, утре уште 11 од 1/16 финале

Денеска во 15:30 часот, Вардари Форино игра против Вардар во 1/16 финале од фудбалскиот Куп на Македонија.

Утре се играат останатите средби, и тоа: Кит Го Пехчево – Скопје, Македонија Ѓ.П – Победа, Пелистер – Љуботен, Слога Виница – Шкупи, Велешта – Кожуф, Росоман – Беласица, Охрид – Ренова, Силекс – Лабуништа Тетекс, Каменица Саса – Борец, Гостивар – Тиквеш и Вeлазерими – Работнички.

Оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Ваквиот систем можеби повеќе ќе им одговара на послабите екипи, но може и лесно да се дојде до голема предност за фаворитите бидејќи ретко кој сака во фудбалот да изведува удари од 11 метри, таканаречениот „рулет“.

Сподели

Можеби ќе ве интересира