КУП НА МАКЕДОНИЈА: Одредени 1/8 финалните фудбалски двојки

Денеска во „Куќата на фудбалот“, беа извлечени паровите од 1/8 финалето во Купот на Македонија, за натпреварувачката сезона 2020/21. 

Полуфиналистите од ланското издание: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Т&Л им се приклучија на 12-те тима кои обезбедија место во втората рунда.

Во продолжение може да ги видите 1/8 финалните дуели:

Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкеднија – Гостивар
Шкупи – Кит Го Пехчево
Кожув – Силекс
Струга Т&Л – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер

Само да напоменеме дека во оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Дуелите од 1/8 финалето ќе се одиграат на 21-ви октомври, а 1/4 пресметки се закажани за 25-ти ноември.

Сподели

Можеби ќе ве интересира