КУП: Работнички, Македонија ЃП и Каменица Саса после пенали, Беласица го прегази Росоман

Денеска се одигра сите средби од 1/16 финале од Купот на Македонија во фудбал, откако вчера, Вардар на пенали го совлада Вардар Форино.

Каменица Саса, Македонија ЃП и Работнички своите противници ги добија на пенали, бидејќи резултатот остана нерешен по регуларните 90′ минути. Беласица на гости со 1:5 го прегази Росоман, а Антонио Каланоски постигна хет-трик. Огромна победа забележа и Гостивар против Тиквеш со 5:0. Победи со по 4 разлика остварија Ренова во Охрид и Пелистер како домаќин на Љуботен. Силекс во Кратово лесно ја доби фузијата на Лабуништа Тетекс со 3:0, а Шкупи и Кожув Гевгелија на гости со по 1:2 ги совладаа екипите на Слога Виница односно Велешта.

Моментално се игра последниот натпревар кој не започна во исто време со останатите. Кит Го Пехчево на домашен терен игра против екипата на ФК Скопје, а по 45′ минути игра, резултат е 1:0 во полза на домаќините.

Мечевите од 1/8 се закажани за 21-ви октомври.

Сподели

Можеби ќе ве интересира