Македонија без 10 играчи против Ерменија, доволно е реми за промоција во Б лигата

Македонската фудбалска репрезентација, денеска на Кипар во Никозија (ГСП Арена) ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лига Ц против Ерменија. Натпреварот ќе започне во 18:00 часот со директен пренос на српскиот канал Спорт Клуб 2.

За селекторот Ангеловски ова нема да биде лесна задача бидејќи Македонија ќе биде без 10 играчи кои беа во првиот тим на претходните неколку средби: Димитриевски, Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Адеми, Николов, Спировски, Ристевски и Велкоски.

На голот се очекува да биде Шишковски, а во одбраната да почнеме со Велковски, Муслиу и Бејтулаи. Проблемите во средниот ред ќе ги покријат Дориев и Тотре заедно со Костадинов и Ристовски најверојатно. Во нападот шанси за гол ќе бараат Тричковски, Трајковски и младиот Стојановски, кој беше одличен и постигна погодок за победа против Естонија.

Проблеми имаат и ерменците со неколку играчи и членови на стручниот штаб поради позитивни тестови.

Сподели

Можеби ќе ве интересира