Македонија во друштво на Саудиска Арабија и Хондурас, нова позиција на ФИФА листата

Македонската репрезентација од денеска е 65-та фудбалска сила на светот, откако напредуваше за едно место. Нашата селекција има вкупно 1356 водови.

Македонија се наоѓа во друштво на Хондурас, Црна Гора, Бугарија и Саудиска Арабија. Само да потсетиме дека, пред четири години, нашата репрезентација се наоѓаше на 162-то место во светот, а најдобриот пласман сме го имале во далечната 2006 година како 54-та фудбалска сила во светот.

Женската селекција се наоѓа на 129-то место, а пред неа се државите Сингапур и Суринам.

Сподели

Можеби ќе ве интересира