Македонија извлече реми, Трајковски трагичар на денот

Македонската фудбалска репрезентација со 3:3 се враќа од Талин, откако успеа да извлече нарешен исход иако во еден момент имаше 3:1 негатива.

Натпреварот започна со катастрофална грешка на Куск, кој не се разбра најдобро со голманот па му испрати топка на погрешна страна со што постигна автогол и ја доведе во водство нашата репрезентација. Во 33-та минута, Сапинен прими одличен пас во петерецот и се снајде на најдобар можен начин па го изедначи резултатот на 1:1. Така и отидоа двете селекции на одмор. Во вториот дел, истиот играч по одбиена топка на голманот Шишковски, беше најблизок и постигна гол за 2:1 во 61-та минута. Пет минути подоцна, Александар Трајковски имаше огромна шанса да го изедначи резултатот од белата точка но топката заврши во пречката од голот и тимот на Македонија пропушти подарок од домашните играчи. Во 76-та минута, судијата Ал Хаким досуди пенал за Естонија, а успешно беше изведен од страна на Ливак, па естонците отидоа на во најголем дел од случаите сигурни 3:1. Но, се прашуваше нешто и Македонија. Играчите на Игор Ангеловски го преземаа темпото и по само 4 минути, Горан Пандев доби одличен пас на 7 метри па го намали резултатот на 3:2. Ѓоко Зајков со солиден удар од далечина го постави конечните 3:3 и направи да се избегне дебакл во Талин, иако домаќините одиграа солиден натпревар. Тие пред оваа средба, немаа постигнато погодок на дури 10 средби од натпреварувачки карактер.

За наша среќа, и тимот на Грузија ремизираше со Ерменија 2:2, па бодовното салдо остана непроменето.

Следниот натпревар е во среда во Скопје против екипата со која го делиме првото место во групата 2 од Лига Ц.

Сподели

Можеби ќе ве интересира