Македонија ЃП го совлада Вардар, нерешено во Маџари

Македонија ЃП запиша победа со 2:1 против Вардар и не му дозволи на противникот да врзе две победи.
Во Маџари пак, Работнички одигра нерешено со гостите од Струга Трим и Лум.

Натпреварот во Ѓорче Петров, уште во 2-та минута со 1:0 го отвори Абдул Калид, 24 годишен напаѓач од Гана. Десет минути подоцна, дефанзивецот на Вардар, Стефан Лазаревиќ го изедначи резултатот. На крајот од првиот дел, со втор гол, Калид повторно му донесе водство на својот тим, па со 2:1 се замина на пауза.
Во второто полувреме не видовме погодоци, но имаше солидни шанси и на двете страни. Македонија ЃП успеа да го задржи резултатот и да се искачи на 4. место со 10 освоени бода.

На вториот натпревар кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, гостите дојдоа до предност во 78-та минута со голот на Дејан Цветаноски. Пред самиот крај, во 86-та минута, популарните „романтичари“ го поставија конечниот резултат со погодокот на Милош Тошевски и поделија по 1 бод со Струга Трим и Лум.

Во 7. коло, Ренова- Македонија ЃП, Вардар – Беласица, Борец – Работнички и Струга ТЛ го пречекува Шкупи.

Сподели

Можеби ќе ве интересира