1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкендија го искористија киксот на Шкупи!

Денеска на програмата беше 16-та рунда од македонското фудбалско првенство, каде се создаде шанса Македонија ЃП и Шкендија максимално да го искористат нерешениот резултат на Шкупи, против екипата на Вардар.

Македонија ЃП на домашен терен го совлада Пелистер со 2:1 а Шкендија рутински со 2:0 го победи последно пласираниот тим на табелата, Беласица. Сега екипата од Тетово има предност од 4 бодови, а клубот од „Ѓорче“ се изедначи на втората позиција со по 32 бодови со Шкупи.

Во Кратово бевме сведоци на катастрофално лоши услови за игра, но некој тоа го одобрил, па фудбалерите беа приморани да играат во вода и кал со што буквално не можеа да создадат нормална акција за напад, па резултатот остана со почетните 0:0. Од останатите резултати денеска, имавме: победа на Академија Пандев со 2:1 над Борец и пораз на Ренова кај Работнички со 3:1.

До крајот на првиот дел од сезоната, ќе се одиграат уште две рунди, на 12-ти и на 16-ти ноември по што следува пауза до средина на февруари.

Сподели

Можеби ќе ве интересира