1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкупи ја бркаат Шкендија – сигурни победи за водечките екипи!

Рундата број петнаесет од Првата македонска фудбалска лига донесе сигурни победи за водечките екипи и најави дека ќе имаме интересна и неизвесна борба за титулата до самиот крај.

Вчера, Шкендија со рутински 0:2 славеше кај Борец. Лидерот на табелата преку погодок од пенал на Бесарт Ибраими стигна до водство во 25-та минута. Во вториот дел, исто така ја имаа играта во свои раце, па победата ја осигураа во 83-та минута преку Љупче Дориев. Денеска, Македонија ЃП и Шкупи славеа со по 1:3 на гости кај Беласица односно Пелистер и ги задржаа позициите од претходната рунда: 29 бодови за тимот од Ѓорче Петров и 31 за составот на Умит Каран.

Во останатите 3 средби, Ренова – Силекс и Вардар – Работнички одиграа без погодоци а Струга и Академија Пандев исто така ги поделија бодовите но со резултат 1:1.

Сподели

Можеби ќе ве интересира