Македонија ја продолжува битката во Лига Ц, Тричковски: Одиме на победа!

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжува битката во Лига Ц, Група 2 од Лигата на нации, за сезона 2020/21.

Македонија гостува кај Естонија во третата рунда од групата 2 во Лига Ц, откако обезбедивме финале во квалификацискиот турнир за пласман на претстојното ЕП. Натпреварот во Талин започнува во 18:00 часот, а во нашата во ист термин се игра и дуелот помеѓу Ерменија и Грузија на неутрален терен, поради моменталните воени дејствија во Нагорно-Карабах.

Иван Тричковски во изјава за фудбалската федерација на Македонија посочи:

Најбитен е нашиот тим и нашиот пристап, иако имаме респект за Естонија. Целта е победа и ќе играме за три бода.


Нашата селекција во првите два натпревари забележа победа против Ерменија во Скопје со 2:1, а ремизираше во Грузија 1:1.
Го делиме првото место со грузијците, а токму со нив го играме вториот дуел во среда со почеток во 20:45, на националната арена „Тодор Проески“.

Последната репрезентативна пауза за оваа година е следниот месец. На 15-ти октомври во 15:00 часот, играме на домашен терен против Естонија. Три дена подоцна, во 18:00 часот е планирана средбата против Ерменија на гости, но доколку не се обезбедат услови, натпреварот ќе се одржи на неутрален терен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира