МВР: Апелираме до граѓаните да не се групираат за следење на натпреварот

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово, на националната арена „Тодор Проески“.

Во соопштението стои дека се преземени сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот.

Тие исто така не испуштија да им посочат на граѓаните да останат во своите домови и да не се групираат за следење на натпреварот, што е во најмала рака смешно и невозможно.

Воедно, уште еднаш, ги информираме граѓаните дека, согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата.

Со навивачките групи пак, оствариле средби и им објасниле дека секој инцидент, говор на омраза или нарушување на јавниот ред и мир ќе биде строго санкциониран.

Сподели

Можеби ќе ве интересира