Менди: За овој клуб играле многу африканци, чест ми е што сум следниот

Новото засилување на фудбалскиот клуб Челси е на голманската позиција. Станува збор за 28-годишниот Едуард Менди од африканската држава Сенегал.

Цената за голманот може да достигне до 27 милиони евра заедно со потенцијалните бонуси. Тој ќе има тешка задача да дојде до првото место во тимот, поради сегашниот член и прв избор, Кепа Аризабалага. Доаѓа од француски Реимс, каде на 85 настапи има примено 86 погодоци а 36 пати ја сочувал мрежата. Претходно, во екипата на Рен има одиграно 34 натпревари, а примил 32 погодоци со 13 зачувани мрежи. За репрезентацијата на Сенегал има забележано 7 настапи.

Тој потенцираше дека ова е од голема важност за него, бидејќи претходно во клубот имало големи играчи од Африка, а токму на голманската позиција е првиот.

Едни од најголемите африкански таленти настапувале за овој клуб, како што се: Дрогба, Есиен Ето’о, Микел… Кога ќе го видите тоа, имате желба да ја продолжите низата. Помеѓу голманите, јас сум прв и сум навистина среќен. Горд сум и свесен дека имам огромна одговорност пред себе, изјави Менди во интервју за клубот, во врска со африканската историја во Челси.

Челси следниот дуел го игра во Премиер лигата на гости со ВБА, но Менди нема да биде во протоколот за овој натпревар.

Сподели

Можеби ќе ве интересира