Меси: Ти си еден од најважните во историјата, не заслужи ваков третман

Луис Суарез си замина од Барселона и тоа во солзи. Во клубот беше вистински “убиец“ во нападот заедно со Меси и останатото друштво.

Токму на Лионел Меси најтешко му падна ваквиот расплет. Тој беше навистина близок со Луис Суарез па одлучи да ја отвори душата во врска со заминувањето на уругваецот во Атлетико Мадрид.

Веќе започнав да се навикнувам, но кога денеска влегов во соблекувалната, реалноста ме погоди силно.Тешко ќе биде да продолжам да ги поминувам деновите во Барселона без тебе, сеедно дали е тоа на теренот или надвор од него. Ќе ни недостасуваш многу. Долги години заедно одевме на ручек, вечера… Многу работи кои никогаш нема да ги заборавиме. Ќе биде чудно да те видам во друг дрес и да играм против тебе. Ти заслужуваш да бидеш запаметен според тоа што си: еден од најважните играчи во историјата на овој клуб… а не на овој начин, како што сторија. Но, од ден во ден ништо повеќе не ме изненадува. Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик. Те сакам, многу. Го сакам многу и твоето семејство. Се гледаме наскоро, пријателе!

Сподели

Можеби ќе ве интересира