МКД до 21: Список на фудбалери за дуелите против Казахстан и Израел

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, на 8-ми октомври против Казахстан и на 13-ти октомври против Израел го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021.

Натпреварите ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Во четврток со почеток од 13:00 часот, а во вторник во 14:30. Како и до сега, не е дозволено присуство на публика.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за двете важни пресметки ги избра следниве фудбалери:

ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);

ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.);

СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит),Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);

НАПАД: Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер).

Милевски посочи дека очекува повторување на добрите игри од последните два натпревари со Шпанија и Фарските Острови, но и дека противниците се озбилни екипи кои играат тимски и агресивно, па треба да се обрне внимание на секој детал.



Сподели

Можеби ќе ве интересира