Младата фудбалска селекција на Македонија, ја доби групата за квалификации на ЕП 2023!

Македонската репрезентација до 21 година, ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023, кое ќе се игра во Романија и Грузија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ќе играат во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија

Милевски ги опиша противниците и даде свое мислење за претстојните натпревари.

Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник“.

Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери“.

„Би било добро квалификациите да ги започнеме од септември, од причина што немаме ниту еден собир со новата генерација. Распоредот ќе го решаваме заеднички, но би сакал да одработиме барем два собири со неколку контролни натпревари пред официјално да го започнеме новиот квалификациски циклус“.

На ЕП 2023, ќе патуваат вкупно 14 селекции, плус домаќините Грузија и Романија.

ГРУПА А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија
ГРУПА Б: Германија, Полска, Израел, Унгарија, Летонија, Сан Марино
ГРУПА Ц: Шпанија, Русија, Словачка, Северна Ирска, Литванија, Малта
ГРУПА Д: Португалија, Грција, Исланд, Белорусија, Кипар, Лихтенштајн
ГРУПА Е: Холандија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Молдавија, Гибралтар
ГРУПА Ф: Италија, Шведска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Луксембург
ГРУПА Г: Англија, Чешка, Словенија, Албанија, Косово, Андора
ГРУПА Х: МАКЕДОНИЈА, Франција, Србија, Украина, Ф. Острови, Ерменија
ГРУПА И: Данска, Белгија, Турција, Шкотска, Казахстан 

Сподели

Можеби ќе ве интересира