Многу сериозно ќе настапиме против Шкендија, рече Мурињо

Големиот и скап Тотенхем, заедно со неповторливиот Жозе Мурињо, утре гостува во Скопје против тетовскиот фудбалски клуб Шкендија.

Утре со почеток од 20:00 часот, не’ очекува дуел од 3-та квалификациска рунда на Лига Европа, која води во плеј-оф средбите за пласман во главниот ждреб. На националната арена „Тодор Проески“, Шкендија ќе го пречека Тотенхем.

На последната прес конференција, португалецот изјави дека максимално ќе se ангажира за оваа средба, бидејќи знае колку се тешки натпреварите со балканските екипи. За пример го наведе последниот дуел со бугарскиот тим Локомотив Пловдив, каде англичаните со пресврт славеа 1:2.

За тимот на Шкендија добив доволно информации, од различни страни во Македонија. Натпреварот ќе го одиграме максимално претпазливо и нема да го потцениме домаќинот. Ни значи да се пласираме понатаму, посочи Мурињо.

Во Скопје ќе пристигнат сите играчи, освен новите засилувања Бејл и Регулион.

Мурињо нема да одржи официјален тренинг во Скопје, а нема да биде достапен ни за македонските медиуми.

Сподели

Можеби ќе ве интересира