Најголема премија во историјата – 4.200.000 € за фудбалерите и стручниот штаб за ЕУРО 2020!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020, да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.

Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра (4.200.000€) вкупна премија за пласманот на Европското првенство.

Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020. Со одлуката на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од уште три милиони и двесте илјади евра.

Сподели

Можеби ќе ве интересира