Нов протокол – фудбалот во Македонија суспендиран

Изменетите протоколи донесоа нови одлуки – лигашкиот фудбал во Македонија се одложува.

Комисијата за натпреварување во рамките на Фудбалската федерација на Македонија информираше дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, дуелите од 11-та рунда во Прва МФЛ и 10-та рунда во Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020 (сабота) и 01.11.2020 (недела), се одложуваат!

Истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020 (сабота) – 11-та рунда од Прва МФЛ и 10-та рунда од Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела).

Сподели

Можеби ќе ве интересира