Нов удар за Ангеловски – Барди остана во Скопје!

Енис Барди не отпатува за Тбилиси и ќе биде четвртиот играч кој нема да биде дел од натпреварот со Грузија.

На вчерашниот тренинг, Барди се пожалил на болки во грбот и градите, па по консултации со медицинскиот тим било констатирано дека не треба да биде дел од составот. Тој ќе замине веднаш во Валенсија, а за тренерот Игор Ангеловски ова е нов удар по отсуствата на Адеми, Ристевски и Велковски.

Можеби и неочекувани големи проблеми за Македонија, но тимот има капацитет и гордо ќе се обиде да и донесе радост на публиката која ќе го бодри пред малите екрани.

Сподели

Можеби ќе ве интересира