Објавен списокот на женската фудбалска репрезентација за дуелот со Франција

Македонската женска репрезентација, на 22-ри септември ја пречекува Франција на Националната арена „Тодор Проески“, во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. За нашата женска репрезентација, ова ќе биде шестиот дуел, откако претходно го победивме Казахстан, а на два пати неуспешни бевме со Србија и Австрија.

Моќната Франција е на 2/2 во групата Г, со гол разлика 9:0

Кирил Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на Наташа Андонова (К) поради повреда и Гентјана Рочи поради суспензија од жолти картони.

Селекторот за овој дуел испрати повик до следниве фудбалерки:

ГОЛМАНКИ: Викторија ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија), Магдалена ЛЕКОСКА (ЖФК СЦ Истатов), Верица КОЛЕВСКА (ЖФК Деспина);

ОДБРАНА: Ане БОШЕСКА (ЖФК Тиверија), Јулија ЖИВИЌ (ЖФК Љуботен), Христина ЈОШЕВСКА (ЖФК Каменица Саса), Павлинка НИКОЛОВСКА (ЖФК Каменица САСА), Даниела ВЕЛЕСКА (ЖФК Деспина), Ивана НИКОЛОВА (ЖФК Тиверија);

СРЕДЕН РЕД: Александра РИСТОВСКА (ЖФК Тиверија), Сара ВЕЛКОВА (ЖФК Тиверија), Елма ШЕМСОВИЌ (ЖФК Скопје 2014), Катерина МИЛЕСКА (ЖФК Деспина), Јана ЧУБРИНОСКА (ЖФК Деспина), Рабија ДЕРВИШИ (ЖФК Каменица Саса);

НАПАД: Теодора ДИМОСКА (ЖФК Тиверија), Ели ЈАКОВСКА (ЖФК Локомотив-Стара Загора), Кристина МОЈСОСКА (ЖФК Асс Јунајтед), Хава МУСТАФА (ЖФК Шкендија), Улза МАКСУТИ (ЖФК Асс Јунајед);

До крајот на квалификациите, Македонија ќе одигра два натпревари на гости. Првин, на 23.10 возвратен дуел против Франција, а следниот месец на 27-ми со тимот на Казахстан.

Сподели

Можеби ќе ве интересира