Пандев во друштво на Перуци, Барези, Костакурта…

Горан Пандев влезе во друштвото на најдобрите откако на мечот против Торино го забележа својот 450-ти настап во италијанското првенство, Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација е на 34-то место на вечната листа на фудбалери со најголем број на настапи во „калчото“. Пандев е во широко друштво на легендарните Андреа Пирло (495), Анџело Перуци (479), Франко Барези (471), Алесандро Костакурта (458) и Роберто Баџо, кој има само 6 настапи повеќе.

Горан Пандев до ваков рекорд стигна играјќи за Анконитана, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а досега има одиграно 26.378 минути. Во поредокот на странски играчи, тој е четврти по Хавиер Занети (618), Самир Хандановиќ (484) и Жозе Алтафини (455).

За каква легенда на нашиот и италијанскиот клупски фудбал се работи, зборуваат бројките. Прв на листата со 652 настапи е Џанлуиџи Буфон, но највеќе мора да му се одаде признание на Паоло Малдини кој само има настапувано за АЦ Милан 648 пати.

Сподели

Можеби ќе ве интересира