Пандев: Ќе бидеме први во нашата група!

Нашиот најискусен фудбалер и лидер на теренот, Горан Пандев, верува во добра игра и освојување на првото место во групата.

Капитенот на селекцијата, во изјава за ФФМ посочи дека тимот секогаш го остава срцето на терен и секој фудбалер поединечно има навистина голема желба да постигне што поголем успех со репрезентацијата на Македонија, бидејќи сега е вистинското време.

Во секој натпревар даваме 100%, иако ритамот навистина е пеколен. Се надевам дека ќе победиме за прво место, – посочи Пандев

Само да напоменеме дека, селекторот на нашата екипа за овој натпревар ги повика: Љупчо Дориев, Енур Торте, Дарко Мицевски, Томе Китановски и младиот Агрон Руфати, кој сепак нема да може да настапи за првиот тим поради суспензија од жолти картони во У21.

Ослободен е Ферхан Хасани, Енис Барди нема да е достапен поради жолти картони, Стефан Спировски има повреда на коленото а Елиф Елма е се уште во “проблеми“ со вирусот корона.

Сподели

Можеби ќе ве интересира