Петр Чех повторно застана на голот на Челси!

Легендарниот чешки голман и долгогодишен член на Челси (моментално како технички советник и човек кој секогаш ќе се понуди за помош), вечерва повторно се врати помеѓу стативите на еден официјален натпревар.

По една година откако замина на заслужен одмор, 38-годишниот Чех не успеа да одолее на предизвикот и повторно застана на голот на Челси, сега за развојниот тим до 23 години во вториот ранг на Премиер лигата.

„Сините“ од Лондон со пресврт од 3:2 го победија составот на Тотенхем, па моментално се лидери на табелата со 19 освоени бодови од 10 одиграни рунди.

Сподели

Можеби ќе ве интересира