ПОБЕДА: Македонија го растури Казахстан со 4:1, два голови на Чурлинов

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го прегази Казахстан со 4:1 на гостински терен, во нивниот седми натпревар од групната фаза за квалификации на ЕП 2021, откако во првото полувреме бевме доминантни и заминавме на пауза со 0:2.

Македонија стигна до 0:1 со голот на Чурлинов во 38-та минута, а во 41-та, Јани Атанасов го зголеми водството на 0:2. На почетокот на вториот дел, во фантастична акција на стрелците на првите 2 голови, Чурлинов го постигна својот втор погодок, а Македонија отиде на вкупните 0:3. Но, 5 минути подоцна, Казахстан го намали резултатот на 1:3 преку Омиртаев, кој во меѓувреме доби и втор жолт картон и беше исклучен во 54-та минута. Пред тоа, удар од белата точка не реализираше неговиот соиграч Шушеначев. Во 67-та минута, одличен соло продор имаше Чурлинов, кој му додаде одличен пас во петерецот на Митровски кој реализираше за 1:4. Нервозата навлезе во редовите на домаќинот, па Оринбасар стартуваше за директен црвен картон.

Благоја Милевски ги искористи сите можни измени за да го освежи составот па во игра влегоа:
Миовски на местото на Даци и Тошевски на местото на Ѓорѓиевски во 62-та минута. Десет минути подоцна, на теренот истрчаа Гроздановски и Ацковски на местата на Антовски односно Митровски. Фазлију го замени двојниот стрелец и играч на натпреварот, Дарко Чурлинов во 83-та минута.

Табелата од нашата група:

Двете победи против Фарските Острови на се земаат во предвид по правилата, па така, Македонија е на 7 освоени во борбата за најдобрите второ пласирани екипи.
Следниот натпревар го играме во Скопје на 13-ти октомври против тимот на Израел во 14:30 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира