Полувреме во Алмати, Македонија води со 0:2

Полувреме на квалификацискиот натпреварот за ЕП 2021 во Алмати против Казахстан, на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година.

Со головите на Дарко Чурлинов во 38-та минута и Јани Атанасов во 41-та, кој првин го промаши ударот од белата точка, но се исправи и го зголеми водството, Македонија оди на пауза со одлични 0:2.

Во текот на целото полувреме, нашата екипа го диктираше темпото и имаше 13 шутеви од кои 6 во рамките на голот и добри 61% посед на топката. Во вториот дел се очекува сигурна и мирна игра за големите 3 поени од гостувањето во Алмати.

Сподели

Можеби ќе ве интересира