Пред да станат познати – интересни случки за Роналдо, Меси и Ибрахимовиќ!

Играчи како што се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Златан Ибрахимовиќ, мега-популарни личности во светот на фудбалот, не од секогаш биле во центарот на вниманието на јавноста.

Тие моментално се познати како мајстори на теренот, па многумина се запрашуваат какво било нивното детство и како дошле до тука. Голем дел од информациите излезат на виделина по некое време па можеме да видиме во какви ситуации се наоѓале пред да потпишат договори за милионски суми со своите клубови и спонзори.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Името Роналдо го добил по американскиот претседател Роналд Реган. Пораснал во сиромашно семејство, а во собата спиел заедно со своите браќа и сестри. Додека бил помал, го нарекувале „плачко“. Неговата мајка која работела како готвачка, откри дека Кристијано лажел дека нема домашна задача кога доаѓал од училиште само да излезе надвор.

Додека подготвувам вечера, тој знаеше да излезе преку прозор за да побегне од дома – остануваше надвор до доцна. Често плачеше кога ќе добие повисока оценка во однос на своите пријатели или кога само тој ќе постигне погодок, што е чудно, зар не? Го викаа и „пчела“. Беше толку многу брз, што никој не можеше да го стигне, вели Долорес Авеиро.

Уште една помалку позната информација во врска со Роналдо е дека бил исфрлен од училиште на 14 години бидејќи нападнал професор со столче, кој според португалецот покажал непочитување. Неговата мајка го посоветувала да се фокусира на фудбалската кариера, каде сакал да стане барем полу-професионален фудбалер.

ЛИОНЕЛ МЕСИ

Меси е роден во Аргентина, а во Барселона доаѓа на 13 години. Од секогаш го сакал фудбалот, а во соблекувалната го викале „El Mudo“ – нем човек. По кажувањата на Сид Лоу, фудбалски писател, во тој период, Меси едвај бил висок 150 цм и секогаш молчел. Не можеле да веруваат колку е низок но и колку е добар на теренот.

Впрочем, неговата висина, која не му пречела, а е последица од хормони за раст за кои бил на лекување по доаѓањето во Барселона, го натерале во животот да се бори повеќе од своите врсници.

Во слободно време, Меси највеќе сака да спие. Тој има кажано дека само доколку некаде патува или има работа со спонзорите, ќе отстапи од тоа правило – 2 до 3 часа мирен сон после секој тренинг.

На почетокот од неговата кариера во Шпанија, Меси редовоно одеше во аргентинските ресторани каде се хранеше со месо, тестенини и колачи. Воопшто не конзумираше риба и зеленчук, кои денеска му се основна исхрана.

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ

Ибрахимовиќ израснал во Розенгард, во гето – животот не бил добар спреман него. Како мал имал неколку пријатели со кои заедно вршеле кражби, а во училиште бил проблематичен и ги малтретирал своите соученици.

Кога нешто ќе ни биде потребно, ние одевме во продавница и крадевме. Јас највеќе имав работа со велосипеди, вели Ибрахимовиќ.

Златан еднаш украл велосипед од својот тренер, за да може да оди на тренинг. Бил „мангуп“ и како ученик. Директорот на училиштето во кое одел, ја потврдил тезата дека Ибра бил еден од најпроблематичните ученици за време на неговата 33 годишна кариера. Таквите обично влегуваат во проблеми, но за темпераментниот напаѓач ова не е случај.

Голем дел од родителите чии деца тренирале со Ибрахимовиќ, потпишувале петиции да го исфрлат од клубот. Сепак, тој изгради голема и богата фудбалска кариера.

Шведска додаде збор во својот речник – „Златанера“, што означува нешто силно и доминантно.

Сподели

Можеби ќе ве интересира