ПРЕМИЕР ЛИГА: Нов натпревар од 7 голови, Сон со 4

Откако вчера Евертон ја победи екипата на ВБА со 5:2, Лидс беше подобар од Фулам со 4:3, денеска во првиот меч Тотенхем на гости со 2:5 славеше против Саутемптон. Ова е трет натпревар во оваа коло со 7 постигнати погодоци.

Неверојатно е што за четирите голови на Сон Хјон-Мин асистент беше Хари Кејн. Англискиот напаѓач се награди и со гол, откако на одбиена топка по шут на Ерик Ламела, беше на вистинското место во петерецот.

За Саутемптон, Дени Ингс беше стрелец на двата голови, првин при 0:1 негатива изедначи на 1:1 и пред самиот крај од пенал го намали резултат на конечни 2:5.



Сподели

Можеби ќе ве интересира