Росоман настрада во Штип, Скопје му „дише во врат“ на Гостивар

Вчера успешно се одиграа сите натпревари од 9-та рунда во Втората македонска фудбалска лига.

Најубедлив беше тимот на Брегалница, кој со 6:1 го прегази ФК Росоман. Андреј Кудијан постигна хет-трик, два погодоци овозможи Љупче Кудев и еднаш во листата на стрелците се запиша и Мартин Стојанов. Екипата од Штип доминираше не теренот и имаше голем број на неискористени шанси пред голот на гостите од Кавадарци. Поради победата на Тиквеш над Каменица Саса, лидери во источната дивизија се уште остануваат овие два тимови со по 23 освоени бодови.

На Запад, ФК Скопје му „дише во врат“ на ФК Гостивар. Со победата од 1:0 против составот на Кораб, Скопје се доближи на само 2 бодови разлика од лидерот на дивизијата, затоа што со големи 3:0, Кадино Скопје на домашен терен го порази Гостивар.

Исток:

Кожув 2:1 Кит Го
Слога 2:0 Победа
Осогово 1:1 Плачковица

Запад:

Вардар Форино 3:2 Велешта
Охрид 1:0 Тетекс
Велазерими 3:2 Дрита

Сподели

Можеби ќе ве интересира