Седумка на Гудисон, Калверт-Луин со хет-трик

На денешниот прв натпревар од 2. коло во Премиер Лигата, Евертон на својот „Гудисон Парк“ ја наполни мрежата на ВБА со 5 гола, гостите постигнаа 2.

Составот на Славен Билиќ во 10-та минута го отвори натпреварот со погодокот на новото засилување Грејди Диангана, кој минатата сезона ја помина на позајмица од тимот на Вест Хем. Подоцна, Калверт-Луин со својот прв гол донесе изедначување на резултатот, за да пред крај на првото полувреме, Хамес Родригез почна да ги исплаќа дадените пари, со прекрасен шут од 16 метри. Веднаш по голот, Киран Гибс со аматерски и грозен подвиг го фаулираше Родригез, па заработи директен црвен картон. На таа одлука, Билиќ реагираше премногу бурно врз судијата Мајк Дин, по што и тој беше исклучен од натпреварот.

Во второто полувреме, Матеус Переира од слободен удар му донесе изедначување на ВБА, но за кратко. По 8 минути игра, дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин, беше најснаодлив во петерецот на Џонстон, па го врати домашниот тим во предност. Во само 5 минути, од 62-та до 66-та минута, Доминик Калверт-Луин постигна уште два погодока и го заклучи натпреварот со конечни 5:2.

Евертон во следното коло ќе гостува кај Кристал Палас, а за први бодови во новата сезона, ВБА на својот стадион ќе се бори со незгодниот Челси.

Сподели

Можеби ќе ве интересира