Седум голови и на Елан Роуд, Лидс поуспешен

Англиската Премиер Лига во вистинско светло на првите два натпревари во втората рунда.

Лидс Јунајтед повторно одира меч со 7 голови, овој пат против Фулам имаа вистински натпревар за уживање.
Резултатот го отвори Елдер Кошта во 5-та минута, па половина час подоцна Александар Митровиќ од пенал донесе изедначување на резултатот. За 2:1, со удар од 11 метри, гол постигна Матеуш Клих.
За да биде 4:1, се погрижија Патрик Бамфорд и Кошта со уште еден погодок. Боби Рид го намали резултатот на 4:2, а конечните 4:3 ги постави Александар Митровиќ во 67-та минута.

Ова беше дуел на новите членови на ПЛ за сезона 20/21, искусниот и страствен Бијелса против младиот Паркер, па и неутралните фанови можат да бидат задоволни од исходот.

Лидс ја оствари првата победа во вториот меч, а Фулам остана на дното со 0/2.

Сподели

Можеби ќе ве интересира