Се е подготвено за УЕФА Супер Куп натпреварот

Во 21:00 часот, во Будимпешта на „Пушкаш Арена“, Баерн Минхен и Севиља ќе водат голема борба за титулата во Супер Купот кој го организира УЕФА.
Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите а Севиља славеше во Лига Европа за сезона 2019/20.

Двајцата тренери кажаа само пофални зборови меѓу себе на последното излагање пред натпреварот.
Флик објасни дека Севиља има играчи кои умеат со топката и дека мора вистински да се пристапи уште од самиот почеток.
Лопетеги пак, појасни дека Баерн Минхен е најсилниот состав моментално, но тие нема да се предадат без силна борба.

СОСТАВИ:

Баерн Минхен: Ноер; Павар, Ернандез, Суле, Алаба; Кимих, Горецка; Гнабри, Милер, Сане; Левандовски.
Севиља: Боно; Ескудеро, Кунд, Диего Карлос, Навас; Жордан, Фернандо, Ракитиќ; Сусо, Де Јонг, Окампос.

Сподели

Можеби ќе ве интересира