СП: Квалификациите ги започнуваме во Романија, за последната рунда доаѓа Исланд

Квалификациите за СП во 2022 година во Катар, ги отвораме во Романија, а ги завршуваме на домашен терен против Исланд.

Планирано е да започнеме на 25-ти март во Романија, а првиот домашен меч е против Лихтенштајн на 28-ми март. На 31-ви март, ќе гостуваме кај првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Германија.

На 2-ри септември пак, ја пречекуваме Ерменија, а три дена подоцна гостуваме кај Исланд. Вториот циклус го завршуваме дома, против Романија на 8-ми септември.

Следниот месец на 8-ми, гостуваме во Лихтенштајн, а на 11-ти октомври ја пречекуваме Германија. Завршните два ноемвриски натпревари се во Ерменија на 11-ти и дома со Исланд на 14-ти.

Сподели

Можеби ќе ве интересира