Стефани Фрапар – женски судија со реноме, за прв пат во натпревар од ЛШ

Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус и Динамо Киев, кој ќе се одигра утре во Торино со почеток од 21:00 часот.

Станува збор за 36-годишна французинка која долго време е во светот на фудбалот, а минатата година беше и во Суперкупот на Европа, кога дополнително се стекна со заслужената популарност.

Со оваа добиена доверба, Фрапар ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв женски судија кој делел правда на еден натпревар во машка конкуренција.

Сподели

Можеби ќе ве интересира