Суарез во Атлетико, Мората во Јувентус?

Како што објави светски познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Јувентус е во разговори со Атлетико за Алваро Мората а во Мадрид би требало да отиде Луис Суарез.

Шпанецот би требало да биде нов позајмен играч во „старата дама“ за 10 милиони со право на откуп за 45 милиони наредната сезона.

Доколку ова се овистини, во наредните 2 дена во план е и трансфер на Луис Суарез од Барселона во Јувентус како бесплатен играч. Уругвајскиот напаѓач за 6 години во Барселона освои 13 титули, во 2016 со 40 голови ја освои златната копачка, а со вкупно 198 голови стана 3-ти најдобар стрелец во историјата на Барселона.

Ова ќе биде размена на напаѓачи каде тимот на Барселона ќе остане со празни раце, по големите негодување помеѓу Луис Суарез, новиот тренет Роналд Куман и водечките луѓе на клубот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира