Тотенхем лесно со Шкендија, Шарлроа го исфрли Партизан

Тотенхем во Скопје лесно го совлада тимот на Шкеднија со 1:3. Партизан испадна после 2 продолженија од белгиски Шарлроа со вкупни 2:1.

Тотенхем поведе уште во 5-та минута преку Ламела на одлично додавање од Сон. Во второто полувреме, Шкендија дојде до изедначување во 55-та минута со голот на Нафиу. Но, англичаните преку Сон поведоа со 1:2 во 70-та, а со 1:3 во 79-та минута со голот на Кејн. Тотенхем доминираше на теренот и со половина гас се пласираше во плеј-оф рундата од Лига Европа. Со вкупно 17 шутеви, од кои 8 во рамките на голот, гостите одработија добар дуел и како што најави Мурињо, не го потценија противникот, туку напротив влегоа сигурно во мечот уште од самиот старт. Тие го пречекуваат составот на Макаби Хаифа во последната рунда.

Во Белгија, Шарлроа беше подобар од Партизан после 2 продолженија, откако дуелот заврши со резултат 1:1.
Домашниот тим постигна гол од слободен удар во 107-та минута, па до самиот крај го бранеше резултатот.
По едно полувреме добија и двата тима. Во првото, Шарлроа поведе во 11-та минута преку капитенот Десолеи, а Партизан беше подобар во вториот дел. Сума постигна погодок во 53-та минута, откако влезе од клупа на почетокот на второто полувреме. Лех оди на дуел со Шарлроа во последната рунда.

Од другите резултати, можеме да издвоиме:

Ростов 1:2 Макаби Хаифа
Бешикташ 1:2 Рио Аве (пенали)
Мура 1:5 ПСВ
Рига 0:1 Селтик
Розенборг 1:0 Алањаспор
Бер Шева 3:0 Мадервел
Галатасарај 2:0 Хајдук
Сарајево 2:1 Будуќност

Сподели

Можеби ќе ве интересира