У21: УЕФА го укина баражот, Македонија утре ги завршува квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, под водство на Благоја Милевски, утре со почеток од 13:30 часот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го одигра последниот меч од квалификациите за ЕП 2021.

Домаќини сме на Црна Гора, па доколку стигнеме до победа ќе ја потврдиме втората позиција во Група 6 но без значење. УЕФА го укина баражот на вторите најдобро пласирани екипи. Како и да е, Македонија без шанса остана на претходниот меч против Израел бидејќи не можевме да славиме ниту минимално. Во досегашните 9 рунди, имаме освоени 15 бодови и гол разлика од 18:11.

Претходниот натпревар беше од големо значење на кој моравме да победиме, па со евентуалната победа утре ќе се надевавме на кикс на Романија или Белгија за пласман на големиот турнир во Унгарија и Словенија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира