(ФОТО) Македонската репрезентација го одржа официјалниот тренинг

Македонската фудбалска репрезентација, денеска рано наутро, го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Косово, во рамките од 1/2 финалето на Лига на нации, за пласман на ЕП 2020.

Нашите фудбалери во понеделник ги започнаа подготовките за историскиот натпревар кој може да ни овозможи финале против Грузија или Белорусија и шанса за пласман во групната фаза од Европското Првенство.

Македонија против Косово е утре со почеток во 20:45, а пред тоа, во 18:00 часот играат нашите потенцијални противници во завршната рунда.


Сподели

Можеби ќе ве интересира