Хаверц: Уште како дете сонував да играм во Челси

Новото засилување на Френк Лампард, младиот и талентиран германец Каи Хаверц, во своето интервју за клубот изјави дека уште како дете сонувал да игра во клуб каков што е Челси.

Уште како дете заедно со мојот брат ја гледавме Премиер Лигата и јас се надевав дека некогаш ќе заиграм за овој клуб. Мојата желба се исполни навистина многу рано, јас сум презадоволен. Челси е најдобриот клуб во Англија, во светот, рече Хаверц.

Германецот исто така призна дека Лампард го гледал како свој идол. Неговите беспрекорни игри на средината од теренот му давале мотивација да стане фудбалер и еден ден своите најдобри партии да ги понуди токму од тоа место.

Гледав многу негови натпревари и навистина го сакав. Во негово време, тој беше еден од најдобрите фудбалери во Англија. Сега може да ми даде голем број на совети, му се допаѓа мојата игра и мојата желба да одам напред, да постигнувам голови и да делам асистенции, додаде тој.

По победата над Брајтон со 1:3, Лампард рече дека ќе им остави малку повеќе време на новите играчи да се адаптираат, затоа што за сите нив ова е нова средина и не е лесно веднаш да се навикнат на огромните разлики во споредба со другите лиги во светот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира