Челси со уште едно засилување?

Според моментално најдобрите спортски новинари во светот, Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, Едуард Менди наскоро ќе биде нов голман на ФК Челси.

Станува због за 28 годишен голман роден во Франција, но со потекло од Сенегал, каде има 7 репрезентативни настапи. Тој моментално настапува за францускиот Рен, а има играно и во Реимс и вториот тим на Марсеј. Се предвидува дека трансферот е веќе 80% завршен, откако личните услови Менди со Челси ги договорил уште пред неколку денови.

Во Челси би бил бек-ап опција за Кепа, со сигурни настапи во двата англиски купови. Се чека и официјално соопштение од клубот и презентирање на играчот откако ќе ги помине сите лекарски прегледи во Лондон.

Сподели

Можеби ќе ве интересира